EDEM Wellness Center

EDEM Wellness Center

Share

Вашиот водич кон совршено здравје.

ЕДЕМ Велнес Центарот е посветен на идејата дека здравиот ум и здравото тело се од суштинско значење за поквалитетен и поздрав начин на живот.

Ние веруваме, дека нашиот центар е единствен во својата посветеност на исполнувањето на индивидуалните потреби на нашите членови, и ние сме тука да ви помогнеме да постигнете максимален здрав начин на живот и да го одржувате истиот.

Без оглед на Вашата возраст, способност и интереси ЕДЕМ Велнес Центарот ви обезбедува различни најмодерни и најефикасни методи за да ја постигнете посакуваната цел и да уживате додека го правите тоа.

01/09/2026

✅ Излечена Сколиоза и болки во грбот ✅

🔹Сколиоза е искривување на 'рбетот во сите три димензии. Причини за да се случи сколиозата се премногу, од повреди, емоционални трауми, инфекции, генетика, лоши навики, итн.

🔹Во овој случај, пациентот по професија фитнес тренер добива повреда при изведба на фитнес вежба "мртво подигање (deadlift)".
Оваа вежба е многу позната и често користена во фитнесот, но кога ќе се направи неправилно, неконтролирано, или телото е биомеханички неисправно, лесно може да се случи повреда.

Самата повреда доведува до формирање на сколиоза поради заштита на повреденото место.

Затоа е многу важно не само да се отстрани болката туку и да се корегира деформитетот кој може да предизвика и други повреди во иднина.

🔹На овие слики може да видите како ние во Едем Велнес успешно ги третираме ваквите случаи со специјално развиени најсовремени методи за дијагноза и третман.

❌Пред
- болка во десна страна во половините (сакроилијачниот зглоб)
- сколиоза левострана
- неможност да се наведне напред ( ограничена лумбална флексија)

✅ Потоа
- без болка
- исправена сколиоза
- слободно наведнување напред (полна флексија)

Закажете го вашиот преглед и консултација на 072229299

🌳 Едем Велнес Центар 🌳
Вашиот водич кон совршено здравје.

🏡ул. Младинска бр. 277, Струмица
☎072229299
www.edem.mk

Photos from MAYA Health Method's post 26/08/2026

📣Уште неколку слободни места во групата од 20:00- 21:00 часот. Пишете ни за детали или контактирајте нѐ: 078427-110

М-Р МАРЈАН ДИМИТРИЕВ СО СОВЕТИ КАКО УЧЕНИЦИТЕ ПРАВИЛНО ДА ГИ НОСАТ УЧИЛИШНИТЕ РАНЦИ! 26/08/2026

Совети како правилно да се носат училишните ранци 🎒

М-Р МАРЈАН ДИМИТРИЕВ СО СОВЕТИ КАКО УЧЕНИЦИТЕ ПРАВИЛНО ДА ГИ НОСАТ УЧИЛИШНИТЕ РАНЦИ! Со почетокот на школската година децата почнуваат да носат доста книги и прибор во својот школски ранец. ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: Неправилнот....

Photos from EDEM Wellness Center's post 17/08/2026

Операцијата не е крајот на лекувањето. 🩺

Таа е важен чекор, но вистинското закрепнување започнува кога телото повторно треба да се движи, да носи тежина, да врати сила и да функционира без страв. 💪

После хируршки зафат често остануваат болка, оток, слабост, ограничено движење или несигурност. Затоа постоперативната рехабилитација не треба да се гледа како „додаток“, туку како дел од целиот процес на лекување. 🌿

Целта не е само раната да зарасне.
Целта е телото повторно да се движи правилно. ✅

Ако сте имале операција и не знаете како безбедно да продолжите, закажете преглед во ЕДЕМ Велнес Центар 📍на 072 229 299

#ЕДЕМ #Рехабилитација #ПостоперативнаРехабилитација #Физиотерапија #Струмица

15/08/2026

ВАКУУМ ТЕРАПИЈА (CUPPING - ВЕНДУЗИ)

Вид на терапија со помош на која се потпомага во опуштање на мускулите, намалување на целулитот, настинки, бронхитис и пневмонија. Медицинскиот ефект на оваа масажа се постигнува со помош на вакум кој врши локално вшмукување на крв и лимфа во кожа од поткожното ткиво со што се напрегнува рефлексното влијаније на крвните садови во внатрешните органи. Во почетоците на вакуум масажите се применувале специјални стаклени чаши т.н. вендузи, меѓутоа тоа е заменето со софистицирани апарати, со кои се добиваат подобри резултати. 🍀

Повелете и закажете го Вашиот термин на ☎ 072229299

🌳 Едем Велнес Центар 🌳
🏡 ул. Младинска 277, Струмица

14/08/2026

✅ Корекција на спуштени стапала ✅

🔹Спуштено стапало (pes planovalgus) е состојба кога доаѓа до колапс на внатрешниот свод на стапалото. Причините можат да бидат вродени или предизвикани (повреди, болести, операции, вишок килограми...)
Сепак, како најголема причина се јавува слабеењето на мускулите поради физичката неактивност.

🔹Интересното во овој случај е тоа што иако стапалата се спуштени сепак проблемот не е во нив, и колку и да се прават вежби за стапала нема ефект.
По направените тестови се утврди слабост во мускулите на абдоменот и колковите и со нивно корегирање се подигнаа и сводовите.

🔹На овие слики може да видите како ние во Едем Велнес успешно ги третираме ваквите случаи со специјално развиени најсовремени методи за дијагноза и третман.

Пред❌
- спуштени сводови на стапалата
- заротирани колена и колкови
- болка и брз замор

Потоа ✅
- корегирани сводови на стапалата
- корегирани ротации на колена и колкови
- без болка и замор

Закажете го вашиот преглед и консултација на 072229299

🌳 Едем Велнес Центар 🌳
Вашиот водич кон совршено здравје.

🏡ул. Младинска бр. 277, Струмица
☎072229299
www.edem.mk

13/08/2026

Масажата е совршен начин да го исфрлите стресот, да ја отстраните болката и да го релаксирате умот. Ние располагаме со широка палета на масажи и терапевтски техники, чија цел е да ви го олесниме и разубавиме секојдневиeто! 🍀

Имајте убав и хармоничен ден! 💚

ул. Младинска бр.277, Струмица.
📲 072 229 299📱

12/08/2026

Oсновната цел на лекувањето со физикална терапија и рехабилитација е целосно или делумно враќање на функционалноста на пациентот за извршување на секојдневните домашни и работни активности со што ќе се зголеми неговиот придонес во семејството и општеството.

Физикалната терапија има бројни бенефити:

🔸 Намалување на болката
🔸 Подобрување на мобилност и флексибилност
🔸 Превенција и опоравување од повреди
🔸 Подобро телесно држење ( постура )

🌳Едем Велнес Центар🌳
Вашиот водич кон совршено здравје и убавина ❗
🏡 ул. Младинска бр.277, Струмица.
☎️ 072 229 299
🌐 www.edem.mk

11/08/2026

✅ Рехабилитација на колено после операција на менискус ✅

🔹Повредата на менискусот е една од најчестите повреди на коленото. Најмногу се случува кај спортисти, но се почестa е и кај обичните луѓе поради седечкиот начин на живот и слабата мусклулатура.

Кога мускулите се слаби, не можат да го стабилизират зглобот и целиот товар се пренесува на менискусот, каде во овој случај за жал се случило и повреда.

🔹Пациентката во нашиот центар беше примена после спроведена операција на менискус, но беше потребно враќање на ногата во функција односно отстранување на контрактурата, конекција на мускулите на невролошко ниво и нивно зајакнување.

По спроведениот преглед кој е видлив на сликите се утврди максимална флексија од 90° степени, болка и мускулна слабост.

Со помош на Едем методи успеавме да ја подобриме флексијата за 50° степени во нормални 140°, да ја отстраниме болката, вратиме силата и целосната функционалност на ногата.

❌ Пред:
- Болка
- Ограничена флексија до 90°
- Мускулна слабост

✅ Потоа:
- Без болка
- Флексија до 140°
- Целосно враќање на силата

🔹Затоа е од голема важност да се направи правилна рехабилитација после операција и да се врати ногата во оптимална функција.

🌳 Едем Велнес Центар 🌳
Вашиот водич кон совршено здравје.

🏡ул. Младинска бр. 277, Струмица
☎072229299
www.edem.mk

10/08/2026

EDEM Wellness Center
🌴Едем Бамбус масажа 🌴

Традиционална тајландска, длабоко релаксирачка масажа која се изведува по специјален протокол. Ги потхранува ткивата и клетките, ја ослободува напнатоста во мускулите, поттикнува хранење на нервниот систем и ослободување на мислите.

Закажете го Вашиот термин на
📲 072 229 299📱

🌴ЕДЕМ Велнес Центар🌴
🏡 ул. МЛАДИНСКА бр.277, Струмица
🌐 www.edem.mk

Want your business to be the top-listed Beauty Salon in Strumitsa?
Click here to claim your Sponsored Listing.

Category

Telephone

Address


Mladinska 277
Strumitsa
2400

Opening Hours

Monday 11:00 - 21:00
Tuesday 11:00 - 21:00
Wednesday 11:00 - 21:00
Thursday 11:00 - 21:00
Friday 11:00 - 21:00
Saturday 11:00 - 19:00